СДСМ ПОВИКУВА НА СМИРЕНОСТ И ПРИСЕБНОСТ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува граѓаните на смиреност и присебност, да не подлегнуваат на мрачни сценарија за предизвикување конфликтнoст и дестабилизација на Македонија.

Го повикувам Никола Груевски веднаш да излезе пред граѓаните на Македонија и да им објасни кој, зошто, со каква цел ја дестабилизира Македонија? Дали и зошто криминални групи од територијата на соседните држави влегуваат во Македонија? Кој ги организира и со каква цел? Истото треба да го направи и Али Ахмети.

Жртви се граѓаните и Македонци и Албанци, и полицајци и цивилно население. Сега најважно е да му се помогне на цивилното население и да му се обезбеди и гарантира сигурност и безбедност.

Црното сценарио нема да успее. Граѓаните препознаваат кој има интерес од вакво сценарио и нема да дозволат да бидат вмешани во ваквото сценарио.

Македонците, Албанците и сите други граѓани се заедно како никогаш досега. Убеден сум дека тоа така и ќе остане.