ВМРО-ДПМНЕ: Заеднички да работиме за стабилноста на нашата држава

ВМРО-ДПМНЕ упати апел до сите граѓани на Р. Македонија без разлика на нивната етничка, верска или партиска определба на воздржаност и смиреност и во дејствувањето и во примањето на било какви шпекулации или информација.

„Граѓаните на Р.Македонија треба заеднички да се справат со овие проблеми и со овие безбедносни предизвици. Стабилноста на државата нема цена и сите фактори и домашни, меѓународни и политички чинители во Р. Македонија и секој граѓанин на Р.Македонија треба заеднички да работиме за стабилноста на нашата држава“, истакна во сабота на прес конференција Антонио Милошоски.

Според поранешниот министер за андворешни работи, ваквото сценарио на дестабилизација или обид за дестабилизација не му одговара на никој разумен граѓанин, политичар, политичка партија или било која етничка заедница, „напротив ова може да направи огромна штета на нашата заедничка држава Р.Македонија“.

Милошоски во името на ВМРО-ДПМНЕ искажа безрезервна поддршка за припадниците на безбедносните сили кои што и во овој момент професионално, одговорно и решително ја извршуваат својата задача. /крај/мф/ст

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.